Бразил на колена: Жилавата Хрватска ги издржа сите напади, па во свој стил обезбеди полуфинале на СП
Репрезентацијата на Хрватска е прв патник во полуфиналето на Светското првенство и тоа откако вечерва во Ал Рајан успеа да го елиминира составот на Бразил кој важеше за прв фаворит на 22. фудбалски мундијал.
„Коцкестите“ одново покажаа карактер, упорност, истрајност и на свој начин по пенал серија успеаа да ја минат и оваа нокаут рунда. Хрватите упатија само еден директен удар кон голот на Алисон и тоа е оној на Петковиќ во 117 минута за конечни 1-1 по продолженијата.
Претходно пак Нејмар стрелаше за „кариоките“ во 105 минута, погодок со кој се израмни на вечната листа со Пеле.
Хрватите во пенал серијата ги погодија сите четири удари од 11 метри (Влашиќ, Оршиќ, Модриќ, Мајер), додека пак голманот Ливаковиќ го одбрани ударот на Родриго, а пак Маркињос ја погоди само рамката од голот.
Момците на Далиќ во полуфиналето ќе играат со подобриот од Аргентина-Холандија.
Comentarios