Search
Брага единствена стекна предност во Лига Европа
- Aleksandar Santovski
- Apr 8, 2022
- 1 min read
Updated: Apr 12, 2022
08.04.2022 April Petok
Фудбалерите на Брага единствени победија во првите мечеви од четврт-финалето на Лига Европа, откако беа подобри од Глазгов Ренџерс со 1-0, додека преостанатите три пресметки завршија нерешено.
Абел Руиз беше стрелец на решавачкиот гол во 40-та минута, погодувајќи на третата средба едноподруго во натпреварувањето, по дуелите против Монако.
Згора, Португалците го спречија ривалот да упати удар во рамките на нивниот гол. Реваншите се играат следниот четврток.
Резултати
Брага – Ренџерс 1-0 Ајнтрахт Франкфурт – Барселона 1-1 Вест хем – Лион 1-1 Лајпциг – Аталанта 1-1

Comments