top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Бојана Скендеровски ја промовира новата песна „Сонце меѓу сенките“

По одличната „Среќа и несреќа“, Бојана Скендеровски на јавноста ѝ ја претставува моќната балада со наслов „Сонце меѓу сенките“. И оваа композиција, како што веќе најави Бојана, ќе биде дел од новиот студиски материјал што паралелно се подготвува и за домашниот, но и за пазарот во соседството.

За оваа тема е интересно што воопшто не ми беше во план ниту да ја снимам ниту да се најде на веќе најавениот албум, но штом ја слушнав буквално се вљубив, што се вели, на прво слушање и едноставно не можев да ѝ одолеам, па морав да ѝ најдам место на албумот. Станува збор за песна, и текст и музика, која буди некоја магична емоција и навистина верувам во неа – вели Бојана.

Текстот за „Сонце меѓу сенките“ е со потпис на Робин Зимбаков, додека музиката и аранжманот се на Срѓан и Кристијан Јовановиќ. Спотот, пак, чија приказна го следи самиот текст, е снимен со режисерот Дарио Јанковиќ и на повеќе локации низ главниот град.

Бојана освен македонска, сними и српска верзија, со наслов „Енигма“. Текстот за српската верзија е на Дивна Миловановиќ, а и таа е снимена во студиото „Саунд дезинг микс“. Мастерингот е на „Сркибојмјузик“, Кристијан и Срѓан Јовановиќ беа задолжени за пијано и клавијатури, а Младен Пецовиќ за гитара. Интересно е дека придружните вокали ги пее Сузана Бранковиќ, за чиј вокал пошироката јавност слушна по излегувањето на темата „Поноќ“ – насловната од филмот „Тома“. Бојана, периодов, освен на музички план и со снимање на новиот материјал, е сѐ поактивна и кога се во прашање живите настапи.

Агендата со настапи низ Македонија полека се полни и тоа ме радува. Задоволна сум од реакциите на публиката и навистина уживам во дружбите. Едвај чекам во живо да ја отпеам „Сонце меѓу сенките“ и да ги чујам реакциите на мојата публика – вели Бојана.



0 views

Comentarios


bottom of page