top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Бојана Скендеровски со „Море сокол пие“ го честита Илинден

02.08.2022 Avgust Vtornik

Бојана Скендеровски на Илиден објави преработка на една од најубавите македонски песни „Море сокол пие“.

– Ова е моја честитка за Илинден. Патриот сум во душа, а сега во овие сензитивни времиња за нашата земја и народ во кои сме принудени да го браниме своето и да го докажуваме сето она што е наше и ни припаѓа, се почувствував должна како уметник да го направам овој проект – вели Бојана.

Таа додава дека својата љубов кон родољубивите песни, кои често ги пее, решила да ја искаже токму преку изведбата на „Море сокол пие“.

– На музиката работеа многу познати инструменталисти на народна музика, сѐ е снимено во живо затоа што сакавме да има душа – посочува Бојана.

Видеото е со потписот на Дарио Јанковиќ, а кадрите се снимани на повеќе локации низ Македонија, и тоа во Мариово, Велес, Кокино, Старо Нагоричане во црквата Св. Ѓорѓи, стара повеќе од илјада години.

– Овој проект е во чест на сите Илинденци кои го дале својот живот за да ја имаме оваа наша Македонија, која во овие турбулентни времиња мораме да ја сочуваме онаква каква што ни ја оставиле во аманет – истакнува Бојана, честитајќи „нека ни е вековит Илинден и Македонија!“



7 views

Comments


bottom of page