top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Бојан Лазаревски именуван за нов директор на Агенцијата за филм

15.12.2020 Декември Вторник Со Агенцијата за филм ќе раководи Бојан Лазаревски, реши Владата на денешната седница. Лазаревски беше член на Управниот одбор на Агенцијата за филм од 2017 до 2020 година, а на оваа позиција доаѓа од работното место раководител на партнерска мрежа составена од кредитни посредници, кои како алатка ги користат услугите на наменските кредити кон крајните потрошувачи. Тој има долгогодишно искуство во банкарскиот сектор, а во својство на член на УО на Агенцијата за филм ги менаџира одлуките за буџетите за филм. Toj доаѓа на местото директор на Агенцијата за филм по истекувањето на вториот мандат на Горјан Тозија.


0 views

Comments


bottom of page