top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Бојан: Ибра не ја доби потребната почит во Барселона

01.04.2022 April Petok

Бојан Кркиќ е еден од талентите на Барселона кои имаа необичен фудбалски пат откако триумфираа на „Камп Ноу“, од едноставна причина што некогашниот шпански репрезентативец комплетно се загуби од фудбалската мапа на Европа со текот на годините.

Откако реши да ја напушти Барселона и да направи нов чекор во кариерата, Бојан имаше доста позајмици и не успеа никаде да се аклиматизира онака како што посакуваше, па во овој момент дел од Висел Кобе и јапонскиот фудбал.

Бојан има 31 година и најубавите фудбалски сеќањава му доаѓаат од „Камп Ноу“, место на кое играше со огромен број фудбалски ѕвезди, вклучувајќи го и Златан Ибрахимовиќ.

Со оглед на балканските корени, Кркиќ и Ибра имаа навистина добар однос во Барселона, но навраќајќи се на минатото, Бојан заклучува дека Швеѓанецот добил погрешен третман во клубот, но и од целата јавност во Шпанија. Ибра се задржа само една сезона во Барселона, а важна причина за тоа беше и нарушениот однос со Пеп Гвардиола.

– Се надевам дека Ибра ќе продолжи да игра уште неколку сезони, тој е феномен и имам убави спомени со него. Кога дојде во Барселона, тој веќе беше изграден играч, а јас имав 20 години и не ме познаваше. Постојано ми даваше поддршка и ми велеше да не се грижам се додека е покрај мене. Тој има големо срце и секој тренинг беше голем предзивик со Ибра, но тоа веќе сите го знаете.

– Никој не треба да зборува лошо за Ибра, сметам дека не го доби вистинскиот респект таа сезона во Барселона, не беше доволно почитуван. Тој даде важни голови и правеше разлика. Тој секогаш ќе биде пример за помладите генерации, – вели Бојан во интервјуто за „Газета“.


1 view

Comments

Couldn’t Load Comments
It looks like there was a technical problem. Try reconnecting or refreshing the page.
bottom of page