top of page
Search

Бостон стана шампион и го одврза ќесето: Двајцата најплатени играчи во НБА ќе играат во „Ти-Ди Гарден“

19.06.2024 juni Sreda

Напорниот труд и годините исполнети со безброј искуства секогаш носат краен резутлат, па таков беше и случајот со актуелниот тим на Бостон кој конечно ги дочека своите ѕвездени моменти.

По многу непријатни удари и еден пораз во големото финале, франшизата од Масачусетс го пронајде шампионскиот рецепт и вчера стигна до рекордна 18-та титула во НБА лигата, достигнување кое направи оваа генерација на Бостон да биде испишана во историските читанки.

Ѕвездите кои често беа мета на потсмев на крајот го предводеа тимот до највисокото скалило во американската кошарка, па после Џејлен Браун, сега заслужен награда ќе добие и Џејсон Тејтум.

Бостон пред една година го направи Браун најплатен играч во лигата до 305-милионски договор, но сега Тејтум исто така ќе добие „супермакс“ договор и ќе остане верен на „келтите“.

Тејтум ќе добие нов петгодишен договор според кој ќе инкасира 315 милиони долари, а тоа ќе значи дека Бостон во својот тим ќе ги има двајцата најплатени играчи во НБА лигата.


0 views

Comments


bottom of page