top of page

Бостон го доби Порзингис, но остана без срцето на екипата

Кристапс Порзингис ќе игра за Бостон Селтикс во натпреварувачката 2023/2024 и тоа откако размена на играчи и пикови направија три клуба.

Првичните најави, информации беа дека во трејдот освен „келтите“ ќе бидат вклучени Вашингтон Визардс и Лос Анџелес Клиперс, но оваа зделка пропадна и како трета страна наместо составот од Калифорнија беше вклучен Мемфис Гризлис.

Во оваа операција Бостон го доби Порзингис, но во исто време остане без срцето на екипата, Маркус Смарт. Најдоброт дефанзивен играч за 2022 година и воедно ас кој три пати досега бил дел од најквалитетната одбранбена петорка во лигата е испратен во Мемфис каде ќе има знајачна улога особено ако се знае дека плејмејкерот Џа Морант е казнет и ќе пропушти најмалку 25 натпревари во новата сезона.

Маркус од 2014 година го носеше дресот на Селтикс, со неговата посветеност, ангажираност, борбеност стана еден од милениците на навивачите и неговото заминување сигурно ќе се почувствува на теренот.

Во оваа размека Вашингот ќе ги добие Галинари, Џонс и Мускала.



 
 
 

Comments


bottom of page