top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Борџини победи на калдрмата од Париз до Рубе

Updated: Apr 19, 2022

18.04.2022 April Ponedelnik

ВЕЛОСИПЕДИЗАМ

Италијанската велосипедистка Елиза Лонго Борџини (30) победи на еднодневната трка Париз – Рубе, на патеката долга 124,7 км, втора за жени на оваа легендарна делница, на калдрма. Двократната олимписка и светска бронзена медалистка влезе во целната рамнина со предност од 23 секунди пред Белгијката Лоте Копецки, победничка на неодамнешната Трка околу Фландрија. Трета беше Лусинда Бренд од Холандија. Пред почетокот на трката, Маријана Вос од Холандија, која лани беше втора, беше исклучена од трката откако беше позитивна на ковид-19. На минатогодишната инаугуративна трка победи Британката Лизи Дејњан (33), која годинава не настапи бидејќи го очекува второто дете.

Вчера се возеше машката трка, која е една од најстарите и една од „монументалните“ или класиците во европскиот календар. Трката Париз – Рубе, чие прво издание беше во 1896 година, позната по грубиот терен и по калдрмата, наречена е „Пекол на северот“, односно „Недела во пеколот“, според насловот на филмот за трката во 1976 година. Од 1977 година, победникот добива стилизирана коцка калдрма како награда. Поради тешката патека, механичките проблеми се вообичаени и честопати влијаат на резултатот. Трката не е возена само во периодот на двете светски војни и во 2020 година, поради ковид-19.


1 view

Comments


bottom of page