top of page

Борусија Дортмунд осигурала потпис на алжирски фудбалер

Бундеслигашот Борусија Дортмунд уште отсега размислува за следната сезона, па германските медиуми јавија дека е договорена соработка со фудбалер на ривалски тим.

Се работи за Рами Бенсебаини, актуелен играч на Борусија Менхенгладбах, кој веќе има преддоговор со „милионерите“.

Одговорните во клубот одамна го следат алжирскиот фудбалер, а во прилог на составот од Дортмунд оди фактот што договорот на 27-годишниот фудбалер со Борусија Менхенгладбах истекува во јуни.

Бенсебаини сезонава има 22 настапи и 5 гола во дресот на Борусија.

ree

 
 
 

Comments


bottom of page