Борко како во старите добри времиња, Вардар го надигра европскиот вице-шампион
29.09.2021 Septemvri Sreda
Екипата на Вардар одигра уште еден одличен натпревар во Лигата на шампионите и во солидно исполнетата арена „Јане Сандански“ успеа да слави против европскиот вице-шампион Алборг со 30:28.
Избраниците на Веселин Вујовиќ повторно беа дисциплински на врвно ниво и со одлична игра успеаја да го совладаат големиот фаворит на оваа средба.
На најдобрите времиња потсети Борко Ристовски кој имаше фантастичен натпревар меѓу стативите успевајќи да одбрани дури 16 удари на противничкиот тим, во проценти нешто повеќе од половина од тоа што упатија ракометарите на Алборг.
Во офанзивата одлични беа Оливие Њокас кој постигна седум погодоци, Дибиров кој застана на шест и Жереми Тото кој немаше промашување и реализираше од сите пет обиди кон данскиот тим.
Според досега виденото, Веселин Вујовиќ наметна една сериозна дисциплина во тимот на Вардар кој сега влева надежи за поголеми успеси во најелитното европско натпреварување.
Comentarios