Боржес по триумфот над Надал: Како да сум на седмо небо…
22.07.2024 Juli Ponedelnik
Нуно Боржес како седми носител успеа да обезбеди победа над Рафаел Надал во финалето на АТП турнирот што се играше во Баштад.
Португалецот делуваше далеку подобро, посвежо од ветеранот и со 6:3, 6:2 дојде до првиот пехар во кариерата, резултат кој многу му значи со оглед на тоа што е остварен против еден од најголемите асови во историјата на тенисот.
-Ова е прв пат да зборувам како победник. Не ни сонував дека ќе играм пред полн стадион против Рафа на земја. Ова е остварување на сонот. Како да сум на седмо небо. Таму сум некаде. Честитки Рафа. Му реков дека ова не е неговата најдобра игра. Сите сакаат да те гледаат како се натпреваруваш, луѓето те следат. Ти си голема инспирација, особено за играчите кои гледаат на тебе.
-Не знам што да кажам. Отсекогаш сакав да го почувствувам овој момент. Ова е лудост, во тенисот нешто не се случува кога го очекуваш. Знам дека сите сакаа Рафа да победи, а дел од мене го посакуваше тоа, но нешто посилно внатре ме принуди да дадам се од себе. Низ сите емоции, сите подеми и падови. Не дека го играв најдобриот тенис, но се дојде како што треба во важните моменти, не можев да играм подобро. Јас сум многу среќен за се. Не знам што да кажам, исполнет сум со емоции, -порача Боржес кој на најновото рангирање ќе го заземе 42 место.
Comentarios