top of page

Борачот Синани ќе настапи на Светското првенство за кадети, Егоров на турнир во Турција

01.08.2026 Avgust Sabota

Македонскиот репрезентативец во борење Суфијан Синани отпатува на Светското првенство за кадети до 17 години, кое ќе се одржи во Баку, Азербејџан.

Натпреварувањето ги собира најдобрите млади борачи од целиот свет, а Синани ќе ги започне своите настапи в сабота, 1 август.

Во првото коло го очекува исклучително тежок предизвик, бидејќи ќе се соочи со актуелниот светски првак од Индија.

Заедно со Синани во Баку отпатува и неговиот тренер Абаз Емини, кој ќе му биде поддршка и ќе го води за време на настапот на Светското првенство.

Воедно, уште еден македонски репрезентативец, Владимир Егоров, ќе настапи на престижниот меѓународен турнир „Hasan Gemici & Gazanfer Bilge International Wrestling Tournament 2026“, кој се одржува во Турција.

Егоров ќе се натпреварува во категоријата до 61 килограм, а во својот прв настап ќе се соочи со турскиот борач Толга Озбек.


 
 
 

Comments


bottom of page