top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Бонд-девојка! Бела Хадид позира за колекцијата 007 на Мајкл Корс

Бела Хадид оваа есен донесе многу заводлива кампања. Во четвртокот беше откриено дека Мајкл Корс, кој неодамна лансира ексклузивна капсула-колекција инспирирана од Џејмс Бонд, ја избрал 25-годишната сестра на Џиџи Хадид за заштитно лице на новата колекција костими за капење „Мајкл Корс 007“. Хадид глуми секси Бонд-девојка додека рекламира едноделни и дводелни костими за капење од новата линија, што се совпаѓа со објавувањето на филмот No Time To Die со Даниел Крег, Леа Сејду и Ана де Армас. „Ги сакам независноста и повеќестраниот карактер на секоја Бонд-девојка. Таа може да биде сè и сешто. Каде било или никаде. Класична, кул и независна“, рече Бела. Со Хадид и Синди Бруна видеото од кампањата ги доловува интригата и неодоливоста на Бонд-тематиката. Спотот е снимен во познатиот „Оушн клаб“ на Бахамите.



1 view

Comments


bottom of page