„Бомбастична“ вест од Франција: Јунајтед пред ангажман на поранешен стопер на Барса
- Aleksandar Santovski
- Aug 23, 2023
- 1 min read
Ерик Тен Хаг најави дека ќе смета на Хари Мегваер без оглед на тоа што поранешниот капитен реши да не направи транфер, но истовремено, планира да изврши дополнителен притисок врз него пред самиот финиш на летниот преоден рок.
Доказ за тоа се последните ексклузивни вести кои пристигнуваат од Франција, а кои велат дека Манчестер Јунајтед е во завршни преговори за ангажман на Жан Клер Тодибо.
Поранешниот стопер на Барселона си ја врати кариерата на вистински пат по трансферот кој го имаше во Ница, па откако воодушеви со настапите во Лига 1, сега е подготвен за нов сериозен предизвик во кариерата.
Угледниот „Лекип“ денеска објави дека Тодибо се наоѓа пред трансфер во Манчестер Јунајтед и се е подготвено за негова реализација, откако клубот од „Олд Трафорд“ понудил чисти 35 милиони фунти (40 милиони евра).
Пред да дојде до официјална реализација на оваа зделка, вреди да се напомене дека за комплетирање на трансферот навиваат и во Барселона, бидејќи клубот задржа 20 проценти од правата на дефанзивецот за негова идна продажба.

Kommentarer