Боите на Св. Трифун низ сликите на ликовните уметници од Македонија
14.02.2024 Februari Sreda
Во чест на празникот Св. Трифун синоќа во Музеј – галеријата во Кавадарци беше отворена несекојдневна изложба на дела од 28 уметници од цела Македонија кои се одзваа на повикот да бидат дел од традиционалната изложба посветена на празникот годинава насловена како „Боите на Св. Трифун“ низ сликитена ликовните уменици од Македонија“. Синоќешната изложба беше 25. по ред традиционална изложба која музеј-галеријата ја организира во рамките на богатата културна програма во чест на Св. Трифун кога кавадарчани традиционално ги закројуваат своите лозови насади почитувајќи ги вековните обреди. Изложбата финасиски е подржана од општина Кавадарци.
За љубителите на ликовната уметност кои дојдоа во огромен број ова беше ретка можност на едно место да се видат 60 дела дела на толкав број истакнати македонски ликовни уметници од кои најголемиот дел инспирирани од празникот, виното и виновата лоза. Нивните имиња се: Симон Шемов, Гоце Божурски, Драги Хаџи Николов, Владимир Темков, Новица Трајковски, Анита Сот Јовеска, Слободан Милошески, Тони Чатлески, Анита Огњановска, Решат Амети, Башким Меџити, Димитар Димитров, Душан Коцев, Горан Јованов, Горан Боев, Киро Јосифов, Томе Филов, Марина Филова, Лазар Дојчинов, Ванчо Кеков, Соња Самарџиева, Димитар Самарџиев, Ива Јосифова Данебски, Љубица Мешкова Солак, Драган Најденовски, Методи Јованов и Александар Поповски. Куратори на изложбата беа Трајче Цветковски и Елизабета Ристова. М.М.
Comments