Божиновски и Начевски ќе судат на сениорското Европско првенство за жени! ракомет
- Aleksandar Santovski
- 4 days ago
- 1 min read
03.07.20-26 Juli Petok
Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави првите судиски двојки кои ќе ја делат правдата на Европското првенство за жени, а меѓу нив повторно се најдоа и македонските арбитри Даниело Божиновски и Виктор Начевски. Континенталниот шампионат ќе се одржи од 3 до 20 декември во Полска, Романија, Чешка, Словачка и Турција, а во моментов ЕХФ номинираше 16 судиски двојки за завршниот турнир.
Пред почетокот на првенството, сите избрани судии ќе учествуваат на подготвителен семинар во Виена, кој ќе се одржи од 11 до 13 септември. Таму ќе бидат разгледани најновите судиски насоки, измените во правилата и сите организациски детали поврзани со натпреварувањето.
Номинацијата на Божиновски и Начевски претставува уште едно признание за нивниот континуитет и високите оценки што ги добиваат на меѓународната сцена. Македонската судиска двојка веќе неколку години редовно суди на натпреварувања под капата на ЕХФ и ИХФ, вклучувајќи европски и светски првенства, како и натпревари од Лигата на шампионите.






Comments