top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Богородичната црква во Париз се отвора во 2024 година

21.09.2021 Septemvri Vtornik

Продолжуваат работите на Богородичната црква во Париз, а француските власти соопштија дека таа ќе биде отворена за јавноста дури во 2024 година – што значи дека посетителите ќе можат да ја посетат точно пет години откако големиот пожар уништи голем дел од историскиот објект.

Изведувачот на реконструкцијата на Богородичната црква наведува дека катедралата сега е спасена, односно дека е „зајакната“ и дека реставрацијата ќе заврши до 2024 година.

Повторното отворање за три години ќе биде победа за цела Франција и исто така ќе го исполни ветувањето на францускиот претседател Емануел Макрон, кој во 2019 година рече дека работите ќе бидат завршени до 2024 година – наведуваат тие.

За потсетување, во април 2019 година избувна пожар во катедралата. Иако поминаа две години и пет месеци од големиот пожар – сѐ уште не е утврдено што точно го предизвикало.


1 view

Comments


bottom of page