top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Боб Дилан негира сексуалeн напад врз малолетничка во 1965 година

17.08.2021 Avgust Vtornik

Американскиот пејач текстописец Боб Дилан е тужен од жена која вели дека сексуално ја злоупотребувал во 1965 година кога имала 12 години. Во тужбата се наведува дека Дилан „го искористил својот статус на музичар за да ѝ дава алкохол и дрога и сексуално да ја злоупотребува повеќе пати“. Се наведува дека злоупотребата се случила во станот на Дилан во хотелот Челзи во Њујорк. Портпаролот на Дилан изјави за Би-би-си дека тврдењето на 56-годишната е невистинито и дека енергично ќе се брани. Тужбата беше поднесена минатиот петок до Врховниот суд во Њујорк. Тужителката, која моментално живее во државата Конектикат, е идентификувана само по нејзините иницијали ( Ј.С.) Таа тврди дека пејачот (80) ѝ нанел „тешка психолошка траума“ и бара неодредена оштета. Боб Дилан, роден како Роберт Ален Цимерман, продаде повеќе од 125 милиони албуми низ целиот свет во текот на кариерата која траеше шест децении. Дилан, кој е нарекуван и „Пикасо на музиката“, е првиот музичар во историјата кој ја доби Нобеловата награда за литература (2016) за своите поетски иновации во пишувањето текстови за песни.


1 view

Comments


bottom of page