top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Бо Мекејлеб меѓу десетте најдобрите натурализирани кошаркари во историјата на ЕП

Останува уште многу кратко време до почетокот на 41. издание на Евробаскетот кој годинава ќе се одржи во четири земји и тоа Германија, Грузија, Чешка и Италија.

Во пресрет на овој настан специјализираниот кошаркарски сајт „Баскетњуз“ направи Топ 10 листа на најдобрите натурализирани кошаркари во историјата на ЕП, а на истата место имаше и за големиот Македонец со македонски пасош Лестер Бо Мекејлеб.

Бо Мекејлеб остави неизбришлива трага во нашата кошарка и засекогаш ќе ги паметине неговите настапи особено оние на шампионатот во Литванија во 2011 година каде за „влакно“ останавме без медал, поточно завршивме на четвртата позиција.

Ова беше доволно за Бо на четвртото место пред имиња како Миротиќ, Ибака, Слотер, Кејман, Сибилио и Брабендер.

На првите три позиции се Рендолф кој со Словенија стана првак на претходното првенство, легендарниот Фучка и Холден кој го носеше дресот на Русија.



2 views

Comments


bottom of page