top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Блажевска: Со години се развива тимот на ЖРК Металург со победнички дух, успехот е дополнителен моти

16.05.2022 Maj Ponedelnik

Заслугата за освоениот Куп е на храбрите девојки со силен карактер, желба и победнички дух, кои успеаја да се издигнат над секојдневните проблеми и притисоци и да нѐ направат горди, како и на стручниот штаб кој со години го расне и развива овој тим, истакна претседателката на ракометниот клуб Металург, Зорица Блажевска, по денешното финале од ракометниот Куп во женска конкуренција, во кое екипата од Автокоманда славеше над Ѓорче Петров со 30-27 во Кавадарци.

– Кога пред финалните натпревари слушав изјави од членови на стручен штаб, дека нивните клубови се на завршницата од Купот благодарение на напорна работа, а едвај неколку месеци се тим и предводник на тим, во себе чувствував револт. Макотрпна и упорна работа е таа на Јулијана Црвенковска и на Крсто Петрушевски, кои со години, скоро деценија го раснат и развиваат овој тим, често и во тешки услови. Се обидувам во тој процес на растење да им помогнам и јас како претседател на клубот. Заслугата е нивна и на храбрите девојки, со силен карактер, силна желба и победнички дух. Успеаја да се издигнат над секојдневните проблеми и притисоци и да нѐ направат горди – смета Блажевска.

Таа е горда што во текот на нејзиното работење и мажите и дамите во Металург ги вратија трофеите од Купот во Автокоманда. Токму овие успеси за Блажевска претставуваат дополнителен мотив за квалитетна работа.

– За мене како претседател, тоа е мотив плус и уште поголема обврска да се изборам за услови какви што заслужуваат, да ги храбрам и мотивирам. Горда сум што како претседател во едни лоши времиња, успеав заедно со мојот тим, после шест години да го вратиме трофејот од машкиот Куп и после девет години да го вратиме трофејот од женскиот Куп во Автокоманда – заклучува претседателката на Металург. М.Ж.


1 view

Comments


bottom of page