top of page

Благоја Милевски: Сите играчи се подготвени да го дадат максимумот Фудбал Македонија-Казахстан

13.10.2025 Oktomvri Ponedelnik

Репрезентацијата на Македонија го остави зад себе големото реми со Белгија и веќе гледа кон новиот предизвик.

Вечерва на арена „Тодор Проески“ во Скопје гостува селекцијата на Казахстан, а целта е јасна – победа и нови три бода. 

Селекторот Благоја Милевски е оптимист и верува дека неговите избраници се подготвени за уште една силна пресметка.„ Имавме тежок натпревар против Белгија, но сите играчи сеподготвени да го дадат максимумот.Ќе биде многу тешко. Казахстан на првиот меч во Астана покажа дека има квалитет.Сега има и нов селектор и нова филозофија, но ние сме подготвени“, изјави Милевски.

Ова е последниот натпревар на Македонија поред својата публика во квалификациите за СП 2026 година, затоа поддршката е повеќе од потребна. 

Дуелот Македонија – Казахстан ќе почне од 20.45 часот,

ree

 
 
 

Comments


bottom of page