Search
Бијонсе ја промовира својата нова колекција со нов имиџ
Бијонсе изгледа подготвена да го прослави Денот на вљубените додека ја промовира најновата колекција на „Адидас икс АЈВИ ПАРК“ (Adidas x IVY PARK), во нова кампања објавена во неделата. 28-кратната добитничка на „Греми“ ги воодушеви фановите со црвен латекс и пикантна змиска кожа додека ја покажува медено русата боб фризура во промоција на својата нова колекција „Ајви харт“ за Денот на вљубените. Во најновата кампања на поп-дивата се појавуваат и актерот Тајсон Бекфорд, супермоделот Шу Пеј, актерката и модел Каруче, пејачката Трои Сиван и комичарката Наоми Ватанабе. Видео и фотографии од најновата колекција беа објавени на инстаграм-страницата на брендот.
Comments