top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Бијонсе и Џеј Зи позираат пред досега невидена слика на Баскија за кампањата на „Тифани“

25.08.2021 Avgust Sreda

По Роуз од К-поп бендот „Блекпинк“ и Ања Тејлор-џој од Нетфликсовиот хит „Дамски гамбит“, хип-хоп могулот Бијонсе и нејзиниот сопруг, раперот Џеј Зи, се најновите амбасадори на „Тифани и Ко“ (Tiffany & Co), а во понеделникот компанијата за луксузен накит објави фотографии од новата кампања на брендот. Двајцата музичари се појавуваат во претстојната кампања на култната златарница која стартува во октомври 2021 година. На две фотографии кои Tiffany & Co ги објави во понеделникот дуото позира пред досега невидена слика на починатиот уметник од Њујорк, Жан Мишел Баскија. „Тифани“ сега е во сопственост на францускиот конгломерат LVMH, најголемиот светски производител на луксузни производи. Аквизицијата се финализира по цена од неверојатни 15,8 милијарди долари. Францускиот магнат Бернард Арно е претседател и извршен директор на LVMH.



2 views

Comentários


bottom of page