top of page

Бијонсе и Тејлор Свифт влегоа во историјата на „Греми“


15.03.2021 mart ponedelnik

Teјлор Свифт и Били Ајлиш ги освоија главните награди на доделувањето „Греми“ во неделата, но Бијонсе беше големата победничка во историјата на музичките награди и во ноќта обележана со повеќе победи за жени. Четирите награди „Греми“ на Бијонсе – две од нив ги подели со победничката за најдобар нов уметник – Меган ди Сталион – ѝ го зголемија вкупниот број победи во кариерата на 28 надминувајќи го претходниот рекорд на „Греми“ за женски уметник поставен од пејачката Алисон Краус. Албумот на Свифт, „Фолклор“, снимен за време на самоизолација среде пандемија, беше прогласен за албум на годината и ја направи 31-годишната музичарка прва жена што ја понесе дома оваа награда трипати На социјално дистанцирана церемонија, која вклучуваше настапи во живо и претходно снимени настапи, авторите на I Can’t Breathe („Не можам да дишам“) на аренби-уметникот Х.Е.Р победија во категоријата песна на годината. Напишана е како одговор на протестите Black Lives Matter („Црните животи се важни“), кои минатото лето избувнаа во САД по убиството на Џорџ Флојд од страна на полицаец. Афроамериканската култура беше прославена и во синглот Black Parade на Бијонсе, која е прогласена за најдобра аренби-изведба. Баладата на Ајлиш, Everything I wanted („Сè што сакав“), освои рекорд на годината, а 19-годишната девојка победи и за својата тематска песна за претстојниот филм за Џејмс Бонд – „Не е време за умирање“. Британската пејачка Дуа Липа освои „Греми“ за најдобар вокален поп-албум за Future Nostalgia и говореше за вредноста на музиката во тешки времиња.




 
 
 

Comments


bottom of page