Search
Бијонсе го рекламира сопствениот бренд
Бијонсе успешно се проби во дизајнерскиот бизнис со сопствениот бренд облека „Ајви парк“. Таа најчесто на официјалната страница на Инстаграм сама ги рекламира производите од модната линија. Глобалната поп икона (40) ги покажа облините во комплет од латекс, кој ја прегрнува секоја педа од нејзината затегната фигура во најновата промотивна фотосесија за „Ајви парк“. 28-кратната добитничка на „Греми“ зрачи со самодоверба застаната пред пред спортски трофеи и награди додека ја рекламира новата колекција облека. Комплетот се состои од боди и панталони со висок струк, најнови парчиња од сопствената успешна линија.
Comments