Бијонсе во својот нов албум пее за неверството на Џеј Зи
Поп-дивата Бијонсе го објави седмиот студиски албум Renaissance два дена пред планираниот датум. Во серија песни, популарната пејачка ја споменува својата 21-годишиот однос со сопругот и рапер Џеј Зи, и пее дека „никој не е совршен“ и дека „не им треба прифаќање од светот“. Музичката ѕвезда првпат јавно проговори за неверството на својот сопруг во нејзиниот визуелен албум Lemonade од 2016 година, нарекувајќи ја другата жена „Беки со добра коса“. Следната година Џеј Зи се осврна на скандалот, тврдејќи дека неговиот начин на преживување резултирал со емоционално затворање и на крајот, неверство. „Не мора светот да нè прифати. Престроги се кон мене, тие се престроги кон тебе“, Бијонсе пее во Plastic on the Sofa за постојаното медиумско внимание на однос меѓу неа и Џеј Зи. „Знам дека не можеш а да не бидеш таков каков што си покрај мене и знам дека никој не е совршен, па ќе ти дозволам да бидеш“, продолжува тaa во песната, пишува „Дејли мејл“. Очигледно пејачката е убедена дека Џеј Зи нема да го повтори своето проблематично однесување, па пее: „Јас сум број еден, јас сум единствена“. „Албумот процури и сите вие всушност го чекавте вистинското време на издавање за да можете сите заедно да уживате во него. Никогаш не сум видела нешто слично“, напиша Бијонсе на својот Инстаграм-профил. Renaissance е првиот соло албум на оваа популарна пејачка по шест години, од објавувањето на Lemonade во 2016 година.
Comments