Search
Бијатлонецот Мае победи на 20 километри
- Aleksandar Santovski
- Feb 8, 2022
- 1 min read
Updated: Feb 9, 2022
08.02.2022 Februari Vtornik
Квентин Филон Мае победи во бијатлонската трка на 20 километри, на Зимските олимписки игри во Пекинг. Златото на Мае е прво за Франција во Пекинг. Францускиот репрезентативец, благодарение на одличното трчање, успеа прв да мине низ целта. На стрелиштето имаше две промашувања. Победничкото време на Мае изнесува 44:47.4 минути. Првиот медал на Белорусија и го донесе „сребрниот“ во трката, Антон Смолски. На стрелиштето беше беспрекорен (20/20), но во трчањето не успеа да му парира на Мае. Неговиот резултат беше за 14,8 секунди од времето на победникот. Јоханес Тигнес Бо од Норвешка трката ја заврши на третото место.

Comentarios