top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Битолскиот театар на фестивал во Благоевград

Актери на Народниот театар-Битола отпатуваа во Бугарија каде утревечер ќе настапат на Балкански театарски фестивал во Благоевград. На фестивалот во Благоевград ќе биде изведена претставата „Кислород“ од Иван Вирипаев, во режија на Иван Јерчиќ.

-Домаќини и организатори на фестивалот се Драмски театар „Никола Вапцаров“, Општина Благоевград и Министерството за култура на Бугарија. Фестивалската програма вклучува 8 претстави од Бугарија, Косово и Македонија, посочуваат од Народниот театар-Битола.

Во дуодрамата „Кислород“ пред фестивалската публика во Благоевград, ќе настапат Викторија Степановска-Јанкуловска и Никола Стефанов.


0 views

Comments


bottom of page