top of page

Битолскиот театар во Верона со светска премиера на претставата „Кориолан“

22.07.2026 juli Sreda

Ансамблот на НУ Народен театар Битола синоќа во Верона премиерно ја изведе преставата „Кориолан“ од Вилјам Шекспир во режија на Џон Блондел.

Битолските актери на Шекспир фестивалот во Верона, град домаќин на бројни уметници од светот и театри од Италија, Велика Британија, Малта, Ерменија и Унгарија, на македонски начин ја презентираа безвременската трагедија на Шекспир, „Кориолан“.

Во претставата настапија Васко Мавровски, Петар Горко, Марјан Георгиевски, Борче Ѓаковски, Петар Спировски, Јулијана Мирчевска и Сандра Грибовска Илиевска.

Асистент на режија е младиот уметник и режисер Дамјан Димовски, сценографијата и костимите се на Благој Мицевски, дизајн на светло Џонатан Хикс, светло мајстор Горан Петровски, музика Александар Димовски, видео Владимир Переловски, инспициент Оливер Петровски и суфлер Мирјана Христовска.

Во Верона се одржува и 12. Светски Шекспир конгрес, кој ја одбележува 50. годишнината на Интернационалната Шекспир асоцијација.


 
 
 

Comments


bottom of page