top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Битолскиот суд со казни за виновниците кои ја оштетија неолитската населба Влахо

Условен затвор и парична казна за виновниците е судски епилог за уништување на делови од локалитетот Влахо, една од најстарите неолитски населби не само во Македонија туку и во Европа. Основниот суд во Битола деновиве ја потврди постигнатата предлог-спогодба со која на управителот на фирмата која вршела ископување на јаглен, на овој значаен археолошки локалитет му е изречена условна казна затвор од една година, која нема да се изврши доколку во рок од 3 години не стори ново кривично дело. Правното лице, фирмата, пак, е казнета со парична казна во износ од 360.000 денари.

Од Центарот за истражување на предисторијата, претходно посочија дека источната периферија на локалитетот Влахо во селото Живојно, општина Новаци, беа целосно уништени со што е оневозможено негово истражување и трајно се изгубени битни информации поврзани со животот во неолитот.

„При девастирачките работи со багери, оштетени се неколку ровови и повеќе неолитски куќи, а исфрлени се и илјадници остатоци од керамички садови, фигурини, алатки и др…“, истакнаа од Центарот.

„Иако обвинетиот управител знаел дека во рамките на концесиското поле се наоѓа археолошкото наоѓалиште Влахо, кое претставува културно наследство во кое не смее да се врши експлоатација согласно член 13 од Договорот за доделување на концесија, за што дури и преговарал со претставници на НУ Завод и Музеј Битола и Управата за заштита на културно наследство да бидат преземени заштитни археолошки истражувања пред отпочнувањето со експлоатацијата на минералната суровина, сепак ангажирал подизведувач – друго правно лице од Битола на кое му дал насоки да започне со експлоатација на јаглен. Како резултат на ваквите активности во целост е уништена источната периферија на археолошко наоѓалиште Влахо, што беше констатирано на лице место од овластени службени лица од Управата за заштита на културно наследство и од НУ Завод и музеј Битола“, се вели во соопштението од Основното јавно обвинителство Битола

Инаку, со предлог спогодбата правното лице во иднина не смее да презема дејствија на експлоатација на јаглен од подрачјето на локалитетот Забрдо, општина Новаци, се додека на товар на ова правно лице, согласно упатствата и насоките дадени од стручни лица од НУ Завод и Музеј Битола и Управата за заштита на културно наследство, не се изврши јасно означување и оградување на подрачјето на кое се протега локалитетот Влахо, како и на подрачјата на кои се претпоставува дека се протегаат локалитетите Бел Камен и Кералот. Дејствија не смеат да се преземаат и сè до завршување на заштитните археолошки истражувања. Откако ќе бидат завршени истражувањата, дејствијата на експлоатација на наведените локалитети ќе можат да се вршат само во согласност со утврденото со заштитните археолошки истражувања. Исто така, правното лице не смее да презема дејствија на експлоатација сè додека со НУ Завод и музеј Битола не склучи договор за извршување на заштитно археолошко истражување на товар на обвинетото правно лице. Правното лице има и обврска да обезбеди финансиски средства и да дозволи непосредно вршење археолошки надзор од стручно лице – археолог определен од Битолски музеј за целиот планиран опфат за експлоатација.

Инаку, Од Центарот за истражување на предисторијата посочуваат дека поради својата уникатност во рамки на просторната организација сочинета од десетина ровови, како и поради мошне раното датирање, локалитетот Влахо предизвикува големо внимание во светската археолошка јавност, што резултира со публикации во еминентни научни списанија и предавања на повеќе европски универзитети.

„Најновите сознанија од радиокарбон анализите на градинарски култури и животни, посочуваат дека локалитетот Влахо е формиран околу 6400 година пр. н.е., што воедно го прави и една од најраните неолитски населби во Европа.


3 views

Comments


bottom of page