Бисера Костадиновска – Стојчевска ја презеде функцијата министерка за култура од Ирена Стефоска
18.01.2022 Januari Vtornik
Досегашната министерка за култура Ирена Стефоска, во Министерството за култура и ја предаде функцијата на новоизбраната министерка, Бисера Костадиновска Стојчевска.
-НА НОВОИМЕНУВАНАТА МИНИСТЕРКА КОСТАДИНОВСКА – СТОЈЧЕВСКА, СТЕФОСКА Ѝ ПОСАКА СРДЕЧНО ДОБРЕДОЈДЕ ВО МИНИСТЕРСТВОТО И МНОГУ УСПЕХ ВО МАНДАТОТ. ТАА ПОДВЛЕЧЕ ДЕКА ВО РЕСОРОТ СЕ ЗАПОЧНАТИ ПОВЕЌЕ ПРОЦЕСИ И ПРОЕКТИ КОИ СЕ ОД СИСТЕМСКО ЗНАЧЕЊЕ ЗА УРЕДУВАЊЕ НА КУЛТУРАТА, А КОИ ПОРАДИ СЛОЖЕНОСТА СЕ ОДВИВААТ ВО ПОВЕЌЕ ФАЗИ КОИ БАРААТ КОНТИНУИТЕТ. НЕКОИ ОД НИВ СЕ ВО СФЕРАТА НА ЗАШТИТАТА НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО, ИНВЕСТИЦИИТЕ, НОРМАТИВАТА, ЕВРОИНТЕГРАЦИИТЕ, УНЕСКО, КАКО И ФУНКЦИОНАЛНАТА АНАЛИЗА ВО САМОТО МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА. СТЕФОСКА ИМ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ ЗА ДОВЕРБАТА И СОРАБОТКАТА НА СВОЈОТ ТИМ И НА СИТЕ ВРАБОТЕНИ ВО МИНИСТЕРСТВОТО, КАКО И НА КУЛТУРНИТЕ РАБОТНИЦИ И НА УМЕТНИЦИТЕ, ИНФОРМИРААТ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА.
Новоименуваната министерка за култура, Бисера Костадиновска – Стојчевска, се заблагодари на убавите желби упатени од Стефоска и рече дека позицијата министерка за култура на Република Северна Македонија ја презема со голема чест и одговорност.
-ПОДГОТВЕНА СУМ ЗА ПРЕДИЗВИЦИТЕ И ЗА СООЧУВАЊЕ СО ПРОБЛЕМИТЕ, НО И ЗА УБАВИНАТА И ПРОГРЕСОТ ШТО КУЛТУРАТА ГИ НОСИ КАКО СИЛЕН ОБЕДИНУВАЧКИ ЕЛЕМЕНТ ВО СЕКОЕ ОПШТЕСТВО. ИСКРЕНО ВЕРУВАМ ДЕКА СИТЕ ЗАЕДНО ЌЕ ОСТВАРИМЕ НОВИ ЦЕЛИ И УСПЕСИ СО ТРАЈНИ ВРЕДНОСТИ, РЕЧЕ МИНИСТЕРКАТА КОСТАДИНОВСКА – СТОЈЧЕВСКА.
Comments