Бисексуалка, борец за човековите права: биографија на победничката на Евровизија
Претставничката на Шведска Лорин по вторпат победи на Евровизија и со тоа стана вториот изведувач во историјата на ова музичко натпреварување кој успеал двапати да триумфира. Пред неа тоа му успеа само на Џони Логан, кој победи како претставник на Ирска во 1980 и 1987 година. Лорин на публиката веќе и е позната бидејќи во 2012 година победи на Евровизија со песната „Еуфорија“, која воедно беше и една од најслушаните песни во историјата на ова натпреварување. Но, која е всушност Лорин? Нејзиното вистинско име е Лорин Зинеб Нора Талхауи. Лорин е родена во 1983 година во Стокхолм, а нејзините родители се по потекло од Мароко. Таа се преселила во Вастерас како девојче и ги открила своите вокални таленти на натпревар за идоли во 2004 година. Со првата победа на Евровизија, Лорин ненамерно започна тренд на „гордо“ покажување на влакнести пазуви во нејзината родна Шведска. Покрај музиката и телевизијата, Лорин се занимава и со активизам. За време на Евровизија 2012 таа беше единствената учесничка која се сретна со активисти за човекови права, додека во 2014 година ја доби Светската детска награда за борба за правата на децата. На почетокот на 2017 година, Лорин се изјасни како бисексуалка. Таа не е мажена и нема деца.
Comments