top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Билд“ ја објави казната на Баерн за Мане, Сенегалецот го собори рекордот на Рибери

Баерн Минхен не соопшти пред јавноста колкава ќе биде најавената парична казна за Садио Мане, иако уште по нејзиното објавување, медиумите потенцираа дека се работи за шестцифрена сума.

Мане е санкциониран затоа што го удрил соиграчот Лерој Сане по поразот на Баварците од Манчестер Сити, а денеска „Билд“ откри дека се работи за сума од 350.000 евра.

Повеќе од третина милион евра ќе му биде одбиено од платата на Сенегалецот за испадот во соблекувалната, поради кој е можно да го напушти Баерн и порано од очекуваното.

„Билд“ потенцира дека ова е и нова рекордна казна во историјата на Баерн, бидејќи досегашниот рекорд беше на Франк Рибери, кој мораше да плати 50.000 евра откако го удри тогашниот соиграч Арјен Робен на полувремето на дуелот од Лигата на шампионите со Реал Мадрид.


0 views

Comments


bottom of page