„Билд“: Халанд има клаузула во договорот со Сити, со која може брзо да го напушти „Итихад“
Updated: May 16, 2022
16.05.2022 Maj Ponedelnik
Манчестер Сити веќе го потврди трансферот на Ерлинг Халанд, но очигледно комплицираните преговори вклучуваат и невообичаени клаузули во договорот со Норвежанецот.
Англискиот клуб нема да штеди за потписот на напаѓачот кој ќе стане еден од најплатените светски фудбалери, но морал да прифати и малку поинакви желби на Халанд и неговите агенти.
„Билд“ тврди дека според една клаузула, Халанд може да го напушти Сити по само две сезони, а во таа ситуација неговиот следен клуб ќе треба да плати 150 милиони евра.
Дури и во ваква ситуација, Сити би профитирал од трансферот, бидејќи за Халанд активираше откупна клаузула „тешка“ 75 милиони евра.
Дел од медиумите досега шпекулираа дека голема желба на Халанд е еден ден да го носи дресот на Реал Мадрид, па нема да биде изненадување ако тоа стане реалност по неколку сезони. Во меѓувреме ќе треба да ги потврди своите квалитети во клубот каде своевремено настапуваше и неговиот татко Алф-Инге.
Comments