top of page

Билбао немоќен на „Камп Ноу“, Барселона запиша победа на дебито на Родри (ВИДЕО)

Aug 28
1 min read

27.08.2026 Avgust Cetvrtok

Актуелниот шампион Барселона ја забележа втората победа во вториот сезонски меч во шпанската Примера.

Каталонците вечерва не беа ефикасни како на мечот со Елче (5-0), но издоминираа против Атлетик Билбао и сосема заслужено запишаа триумф од 2-0.

Домаќините имаа преку 20 удари, двоцифрен број на удари во рамките на голот на Симон кој беше фантастичен и на крајот дури и го понесе признанието МВП, меѓутоа и тоа не можеше да го спречи поразот на неговата екипа.

Барса имаше проблеми во завршницата на акции, ама сепак во два наврати пронајде начин и дојде до погодоци за три бода. Капитенот Рафиња потврди дека е во одлична форма и на асистенција на Педри стрелаше во 37 минута.

Овие 1-0 беа активни на семафорот се до 82 минута кога по уфрлањето на Адејеми, одбраната на Билбао реагираше лошо и на Фермин не му беше тешко да стави точка на триумфот на Барселона.

Инаку ова беше соочување на кое Родри ги одигра првите минути во дресот на шпанскиот великан.


 
 
 

Comments


bottom of page