top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Бикинито што го носеше Барбара Виндзор во филм од 1969 година се продаде за 9.500 фунти

ЗАБАВАБикинито што го носеше Барбара Виндзор во филм од 1969 година се продаде за 9.500 фунтиОбјавено пред 3 часа - 17 јуни, 2021Од Макфакс

Костимот за капење што го носеше британската актерка Барбара Виндзор во филмот Carry On Camping (1969) беа продадени на аукција за 9.500 фунти.

Починатата актерка го носеше бикинито во познатата сцена кога горниот дел ѝ одлета среде час за вежбање.

Сцената мораше да се снима трипати.

Приходите од продажбата на бикинито, кое беше извадено од канта за отпадоци пред неколку децении, продавачот ќе ги донира на Друштвото за Алцхајмерова болест.

Актерката, која исто така глумеше во EastEnders, почина во декември од Алцхајмерова болест на 83-годишна возраст.

Секвенција од сцената во Carry On Camping беше вклучена во редоследот на службата за нејзиниот погреб, придружуван од нејзиниот цитат: „Таа слика ќе ме следи до крајот“.

Бикинито му е продадено на американски купувач по војната на наддавање меѓу телефонски и онлајн-купувачи бидејќи цената растела.




1 view

Comentarios


bottom of page