„Бизнисот на задоволството“ со награда во Уругвај за сценографија
17.07.2024 Juli Sreda
„Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски се закити со десетто признание на меѓународните филмски фестивали во светот.Овој пат наградата доаѓа од Сине дел Мар во Уругвај и е адресирана за Дејан Ѓошевски, кој стои зад продукцијата на дизајн.„Уште една убава вест. Дејан Ѓошевски е добитник на специјална диплома (special mention) за продукција на дизајн во Уругвај. Славиме 10 награди“, е објавено на официјалната фејсбук-страница на филмот.„Бизнисот на задоволството“ досега доби три награди за најдобар филм во Јужна Америка, а во септември ќе ја има и својата бразилска премиера на 32. издание на „Еко сине интернешнал филм“ во Сао Пауло.
Филмот од септември македонската публика ќе има можност да го гледа во киносалите.
Бизнисот на задоволството ја следи приказната на новинарка, која опседната со исчезнувањето на нејзината најдобра пријателка, подготвува тајна операција со цел да разоткрие мрежа за трговија со жени. Но, како што нејзините соучесници се приближуваат до шефот, ситуацијата излегува од контрола.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.Финансиран е од Агенцијата за филм.
Comments