Search
„Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски на фестивал во Уругвај
10.07.2024 juli Sreda
Политичкиот трилер на Гоце Цветановски, „Бизнисот на задоволството“ влезе во официјалната селекција на 17. издание на фестивалот Сине дел Мар во Пунта дел Есте, Уругвај.
Филмот, како што најавува режисерот Цветановски, ќе биде прикажан пред уругвајската публика на 12 јули, во 20 часот.
После Аргентина, Панама, Перу, Венецуела и Боливија, ова е шеста номинација на „Бизнисот на задоволството“ во Латинска Америка.
Инаку филмот се закити со награди за најдобар филм во Панама и Перу. „Бизнисот на задоволството“ ја обработува темата на трговија со жени, и есенва се очекува да биде прикажан во македонските кина. Во главните улоги играат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ и Исмаил Касуми, а финансиран е од Агенцијата за филм.
Comments