Search
Бизарен крај на полуфиналето: Медведев дисквалификуван, Ѓоковиќ ќе се бори за пехарот во Пекинг (ВИДЕО)
05.10.2026 Oktomvri Ponedelnik
Новак Ѓоковиќ ќе биде ривалот на Алекс Де Минор во финалето на АТП турнирот од серијата 500 во Пекинг.
Ѓоковиќ излезе како победник од соочувањето со Данил Медведев, меч кој имаше еден бизарен крај затоа што во десеттиот гејм од вториот сет Русинот имаше потег со кој беше елиминиран, дисквалификуван. Српскиот ас водеше со 1-0 во сетови (7-5) и 5-3 во втората рунда и сервираше за пласман во финалето по што освои поен за 15:15.
Тука Медведев имаше потег кој скапо го чинеше, испрати едно топче на трибините кое погоди гледач по што беше одлучено да добие „црвен картон“ и Ноле автоматски да го добие натпреварот кој беше фантастичен, донесе огромна борба и штета е што беше завршен на ваков начин.







Comments