top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Бејл се враќа повреден од настапите за репрезентацијата на Велс


Герет Бејл нема да биде во комбинација за репрезентацијата на Велс на вечерашниот натпревар против Белгија, што е нов проблем за членот на Реал Мадрид.

Бејл го започна натпреварот меѓу Белорусија и Велс, но беше заменет на полувреме, за лекарскиот тим во велшката репрезентација да потврди дека има повреда на листот на едната нога.

Тоа значи дека Велшанецот се враќа во Мадрид повреден, а лекарите на Реал ќе направат сопствена проценка за паузата која го очекува Бејл.

Ова е лоша вест за Бејл, кој последен пат настапи за својот клуб на 28. август, а сезонава веќе пропушти 13 натпревари за Реал сезонава.

Изминатиот период Бејл се лекуваше под контрола на клупските лекари, а иако тренерот Анчелоти истакна дека неговите настапи за репрезентацијата ќе бидат позитивни за враќање во потребната форма, сега излегува дека Велшанецот ќе се врати во Реал за нов лекарски третман.


1 view

Kommentare


bottom of page