top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Бејл за сезоната на Белингем: На толку млада возраст да го прави тоа што го прави…

27.05.2024 Maj Ponedelnik

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Герет Бејл ја искоментира првата сезона на талентираниот Џуд Белингем на „Сантијаго Бернабеу“.

Англичанецот за голема сума на пари ја замени Борусија Дортмунд со шпанскиот великан, па многумина веруваа дека постепено ќе мара да влезе во новата приказна, но наместо тоа тој одигра навистина импресивно, постигна 23 голови и имаше улога во освоениот пехар во Ла Лига и Супер Купот, сезона која може да биде комплетирана со славје во Лигата на шампионите.

-На толку млада возраст, да го прави она што тој го прави е фантастично. Прекрасно е да се види, освежувачки и е важно. Интензитетот, притисокот кој можеш да го чувствуваш… Така, да досега имаше одличен старт. Очигледно, им претстои уште голем натпревар и ќе биде одлично за него да ја освои Лигата на шампионите во неговата прва сезона, што навистина го намалува притисокот, се надевам, ќе може да започне од таму, -истакна Бејл кој многу добро знае каква тежина има белиот дрес.

-Се разбира, секогаш ќе има подеми и падови. Се работи за тоа како да се справите со нив, како отскокнувате, како се појавува вашиот карактер. Секако имаше некои одлични времиња, имаше и некои лоши. Но, мислам дека доброто на крајот го надминува лошото, -заклучи Велшанецот кој скоро една деценија беше член на тимот од „Бернабеу“.


0 views

Comments


bottom of page