top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Беше неподносливо“: Сопругата на Елвис Присли проговори за страшните трагедии во животот

Американската претприемачка и актерка Присила Присли за кратко време претрпе големи загуби.Во 2020 година, нејзиниот внук Бенџамин Кио си го одзеде животот на 27-годишна возраст. Во 2021 година, почина нејзината 95-годишна мајка Ана. А, во јануари годинава, почина нејзината ќерка Лиза Мари, која ѝ беше единствено дете со „кралот на рокенролот“ Елвис Присли. Таа имаше само 54 години.

Овој троен животен удар силно ја погоди Присила, која реши да проговори на оваа тема во интервјуто со познатиот британски новинар Пирс Морган.

Како што пренесе „Њујорк пост“, расплаканата Присила побарала од Морган да ја запре камерата, бидејќи во одредени моменти таа повеќе не можела да зборува.

„Беше неподносливо. Како да ми беше одземен голем дел од животот“, изјавила 78-годишната вдовица на „кралот на рокенролот“, во апартман во хотелот „Пенинсула“ во Беверли Хилс.

Фото: Профимедиа

Таа ретко дава интервјуа, а и ретко зборува за себе. На пр. таа не им кажала на своите соученици дека е во врска со Елвис Присли – најголемата ѕвезда во тоа време. Но, како што истакнува Морган, таа знаела дека ќе мора да проговори за страшните трагедии што ја снашле, непосредно пред објавувањето на биографскиот филм „Присила“ („Priscilla“) во режија на Софија Копола.

Како што рече режисерот Баз Лурман, кој го режираше „Елвис“ („Elvis“), минатогодишниот филм за Елвис Присли: „Постојат Кенеди, а тука се и Присли. Тие се кралските семејства на Америка. И на различни начини, и двете семејства се, што вели Шекспир, венчани поради несреќа“. Присила кимна додека Морган ѝ го читаше овој цитат.

„Апсолутно. Знаете, кога сте во брак со Елвис Присли, навистина не знаете во што се впуштате, особено кога сте помлади. Мора да се прилагодите на тоа дека нема да имате приватност. Значи, тоа беше животна авантура, без сомнение“, рекла Присила, која го запознала Елвис кога таа имала само 14, а тој 24 години.

Фото: Профимедиа

На оние кои мислат дека разликата во години ја прави оваа романса несоодветна, таа им одговори: „Разбирам, но секогаш имало такви приказни, а тој никогаш, никогаш, никогаш, никогаш, никогаш не беше агресивен со мене, ниту пак водеше љубов со мене во тоа време. Јас бев некоја во која имаше доверба и сакаше да разговара со мене“.

Таа инсистира дека тие првпат биле интимни на првата брачна ноќ, кога била зачната нивната ќерка Лиза Мари. Нивниот брак траеше само шест години, но јасно е дека Присила сè уште многу го сака.

Фото: Профимедиа

Морган, исто така, ја праша дали постои песна на Елвис што ѝ е посебна. Таа без двоумење одговори – „Memories“ и додаде дека не ги слуша многу често неговите песни бидејќи и понатаму е премногу емотивно за неа.

Тешко ѝ е да прифати дека ќерка ѝ се разболела ноќта кога семејно присуствувале на доделувањето на Златните глобуси, каде Остин Батлер ја доби наградата за најдобар актер за неговиот брилијантен портрет на Елвис Присли.

„Таа не изгледаше добро таа вечер и јас се загрижив за неа. Таа го праша Џери Шилинг, еден од моите најдобри пријатели, дали може да ја придржи. Потпетиците ѝ беа високи, но таа ги имаше носено и во други прилики, па се загрижив. Не изгледаше добро, изгледаше многу кревко“, раскажува Присила.

Присила Присли, Остин Батлер, Лиза Мари Присли и Баз Лурман на Златните глобуси 2023 / Фото: Profimedia

Потоа отишле на пијачка, но сѐ завршило многу брзо бидејќи Лиза Мари почувствувала стомачна болка. Два дена подоцна, поранешниот сопруг на Лиза Мари, Дени Кио, ја исконтактирал Присила од болница, каде била хоспитализирана Лиза Мари. Но, кога пристигнала Присила, веќе било доцна.

„Беше неподносливо. Ја изгубив мајка ми, го изгубив внукот и ја изгубив ќерка ми. Сè уште е шокантно”, рече таа и откри дека Лиза Мари, исто така, тешко ја поднесувала загубата на нејзиниот син, поради што се чувствувала суицидално.






1 view

Comments


bottom of page