Search
Беспрекорен стил: Анџелина Џоли на премиерата на „Етерналс“
- Aleksandar Santovski
- Oct 19, 2021
- 1 min read
Анџелина Џоли ги остави присутните без здив кога се појави на црвениот тепих на свечената премиера на филмот „Етерналс“ во Лос Анџелес во понеделникот. Анџелина го негува својот впечатлив моден израз носејќи одважен златен накит за лице, што внесе дополнителен гламур во нејзиниот изглед. А на црвениот тепих, на Џоли ѝ се придружија пет од нејзините шест деца, Медокс (20), Захара (16), Шило, 15 и 13-годишните близнаци Вивиен и Нокс, давајќи му на настанот семејна нота. Во филмот на MCU, 46-годишната оскаровка глуми жестока воинка, Тена, која може да создаде оружје од космичка енергија. „Етерналс“ ќе почне да се прикажува во киносалите на САД и Велика Британија на 5 ноември.



Comments