Бесплатни проекции на македонски филмови и во јули и во август во „Синеплекс“
- Aleksandar Santovski
- 5 days ago
- 1 min read
02.07.2026 juli Cetvrtok
Агенцијата за филм и Cineplexx продолжуваат со проектот „Македонски филм. На големоплатно.“, кој ова лето носи богата програма со бесплатни проекции на македонскифилмови.Во текот на јули и август, секој понеделник од 19 часот, во Cineplexx публиката ќе можеда проследи внимателно избрана селекција од долгометражни, омнибус, кратки играни ианимирани филмови. Влезот е бесплатен, по принципот „прв дојден, прв услужен“, безпретходна резервација на билети.Програмата за јули започнува со омнибусот „Скопје ремикс“ (6 јули), по штоследува „Лазар“ во режија на Светозар Ристовски (13 јули), Блокот кратки анимиранифилмови: „Девојката што паѓа“, „Образец Б16“, „Неми филмови“, „Кружно патување наМарето“ и „Вистинската приказна за Хансел и Гретел“ (20 јули), а месецот завршува софилмот „Мими“ во режија на Дарјан Пејовски (27 јули).Во август, публиката ќе има можност да ги погледне „Деца на сонцето“ во режија наАнтонио Митриќески (3 август), „Незаборавна пролет во едно заборавено село“ во режијана Куштрим Бектеши (10 август), Блокот кратки играни филмови составенод „Еклер“, „Синиот час“, „Награда“ и „Имиња“ (17 август), како и „Кога денот немашеиме“ во режија на Теона Стругар Митевска (24 август), додека програмата ќе бидезаокружена со „Трето полувреме“ во режија на Дарко Митревски (31 август).Драго ни е што преку проектот „Македонски филм. На големо платно.“ публиката имаможност бесплатно да ги гледа македонските филмови во кино. Продолжуваме и во текотна јули и август со внимателно селектирана програма која опфаќа современи остварувања,омнибуси, кратки играни и анимирани филмови. Веруваме дека секоја проекцијапретставува нова средба меѓу авторите и публиката и придонесува кон развојот нафилмската култура, охрабрувајќи ја публиката да го открива, препознава и поддржувамакедонскиот филм,“ истакна директорот на Агенцијата за филм, Сашко Мицевски.






Comments