Бесниот Роналдо ја повтори непопуларната сцена од Белград по елиминацијата на ЕП (Видео)
28.06.2021 Juni Ponedelnik
ристијано Роналдо беше видно разочаран и фрустиран по вчерашниот пораз од Белгија во осминафиналето на континенталниот собир, а фактот што нема да може да ја одбрани титулата на Европското првенство направи да видиме реприза на лошата сцена од Белград. Португалскиот капитен полуде пред точно три месеци во српската престолнина кога не му беше признат чист гол и во нервоза ја фрли и капитенската лента, нешто за што беше силно критикуван од јавноста во Португалија, која сега одново има добра причина да му се нафрли на Кристијано. Роналдо тогаш беше критикуван и од Алесандро Дел Пјеро и многу познати португалски фудбалери, а синоќа ја повтори истата сцена, со тоа што имаше и мало продолжение. Не самошто ја фрли капитенската лента, нервозниот Роналдо почна и да ја шутира истата откако се поздрави со Де Брујне, по што еден од претставниците на стручниот штаб мораше да го смирува и ја крена лентата од тревникот.
Comments