Search
Бернардо Силва двоен стрелец, Куртоа спречи катастрофа на Реал на „Итихад“ (ВИДЕО)
- Aleksandar Santovski
- May 17, 2023
- 1 min read
Манчестер Сити го надигра Реал Мадрид во првото полувреме на реванш средбата која вечерва се игра на „Итихад“.
Домаќините водат со 2-0 со погодоците на португалскиот репрезентативец Бернардо Силва во 23 и 37 минута. Сити можеше да оствари уште поубедлива предноста ако на голот на Реал не беше Тибо Куртоа кој имаше неколку одлучни интервенции при ударите на Ерлинг Халанд.„Кралевите“ најголемата и засега единствена шанса за погодок ја имаа преку Тони Крос кој испрати „проектил“ со кој ја затресе конструкцијата од голот на Едерсон.
Commentaires