top of page

Беретини стана прв Италијанец кој стигнал до финалето на Вимблдон


09.07.2021 Juli Petok

Матео Беретини го победи полскиот ривал Хуберт Хуркач во првото полуфинале на Вимблдон и стана првиот италијански тенисер кој стигнал до финалето на овој грен-слем турнир.

Хуркач ги победи Медведев и Федерер во претходните рунди, но немаше одговор за Беретини, против кого освои само еден сет.

Италијанецот ги доби првите два сета со 6:3 и 6:0, Хуркач ја врати неизвесноста со 7:6 во третиот сет, но Беретини го затвори мечот со 6:4 и конечни 3:1 во полуфиналето.

Ако победи во финалето, Беретини ќе биде прв Италијанец кој победил на грен-слем по Адријано Паната кој триумирал на Ролан Гарос во 1976 година.

Во второто полуфинале, Новак Ѓоковиќ ќе биде голем фаворит против Денис Шаповалов.


 
 
 

Comments


bottom of page