Бербатов излезе со свој тип за сите десет натпревари во премиерното коло во Премиер лигата
Димитар Бербатов како амбасадор на „Бетфер“ редновно е поврзан со случувањата во најсилната англиска фудбалска Премиер лигата, но сега отвори и соработка со „Метро“ за да го истипува премиерното коло кое стартува вечерва.
Новата сезона во Премиер лигата ќе биде отворена со натпревар на актуелниот шампион Манчестер Сити, кој вечерва ќе му гостува на повратникот во елитното друштво, тимот на Барнли.
Бербатов типува дека Сити ќе сака да се опорави од поразот во Комјунити Шилд и типува сигурна победа од 0:2, но даде свои предлози и за дербито меѓу Челси и Ливерпул, како и дуелот на неговиот сакан Манчестер Јунајтед.
– Имам големи очекувања од Челси оваа сезона, сакам да гледам како се натпреваруваат подобро од лани. И Ливерпул мора да биде подобар од лани, но мислам дека Челси ќе биде изненадувањето оваа сезона. Типувам победа од 2:1 за Челси.
– Манчестер Јунајтед мора да победи на стартот против Вулверхемптон. Редно време е Јунајтед да се бори за титулата. Од друга страна, кај „волците“ се случија многу работи ова лето и останаа без Лопетеги. Очекувам лесна победа на Јунајтед од 2:0, – вели Бербатов, а останатите седум типови се следни:
Брентфорд-Тотенхем 2:2 Њукасл – Астон Вила 1:0 Евертон – Фулам 1:1 Брајтон – Лутон 3:0 Борнмут – Вест Хем 1:1 Шефилд Јунајтед – Кристал Палас 2:1 Арсенал – Нотингем Форест 3:1
Comments