Бербатов за шансите на Јунајтед за титула: Премиер лигата е маратон…
Манчестер Јунајтед добро го одбработува досегашниот тек на оваа сезона во која се уште е „жив“ во сите натпреварувања со тоа што најблиску до трофеј е во англискиот Лига Куп каде обезбеди финале во кое ќе ги одмери силите со Њукасл.
Секако најголемата желба, цел на „црвените ѓаволи“ за актуелнава кампања беше добро да се претстават во Премиер лигата, бидат конкурентни и обезбедат место во Лигата на шампионите што би значело Топ 4 пласман. Засега тоа го имаат остварено и ако продолжат во ваков ритам сигурно ќе бидат меѓу четирите најдобри во Англија, но со оглед на добрите партии и фактот дека најблиските ривали Арсенал и Манчестер Сити се на дофат се поставува прашањето дали момците на Тен Хаг можат да се борат и за пехарот.
Има доста луѓе кои не веруваат во тоа сценарио, не се оптимисти, меѓутоа има и луѓе кои сметаат дека може да притиска за пехарот, а меѓу нив е Димитар Бербатов.
-Секако дека имаат шанси затоа што во моментот се на третата позиција. Среќен сум што ги гледам во позиција во која се наоѓаат и како напредуваат, но особено во случајот со Манчестер Јунајтед и Тотенхем, конзистентноста е главниот квалитет што ви треба ако сакате да бидете шампион затоа што Премиер Лигата е маратон, а не спринт. Треба да играте постојано добро, па дури и кога не играте добро на денот, треба да најдете начин ги освоите бодовите. Тоа е она што го направија сите шампиони во Премиер лигата.
-Интересно е затоа што во моментов го имате Арсенал кој испушта бодови, Сити кој испушта бодови и Јунајтед кој ползи зад нив надевајќи се дека може сите да ги изненади. Според мене, премногу е рано да се каже кој ќе ја освои титулата во Премиер лигата оваа сезона, -истакна Бербатов.
Арсенал е прв со 51 бод, Сити има 48, а Јунајтед 46 бодови.
Comments